Ragusa Rooftop

Професионална организација на настани од различен формат.

Со елегантен, модуларен ентериер и можност за флексибилна преграда на просторот, овозможуваме оптимално поставување согласно специфичните потреби на секој клиент. Без разлика дали станува збор за корпоративни настани, деловни презентации, коктел приеми или приватни прослави, Ragusa 360 обезбедува висок стандард на услуга, современа техничка поддршка и прецизна организација во секој сегмент од реализацијата.

Карактеристики

  • Две бини

  • Супер брз интернет

  • Професионален звук

  • LED плафонски екран (6.5m x 2m) и LED DJ пулт

  • 100 високи коктел маси со елегантни црни навлаки

  • Неограничен паркинг во склоп на катната гаража по тарифник на ЈП Паркинзи

  • Флексибилен простор од 600 m² прилагодлив за различни типови на настани

  • Современа гастрономска понуда со целосна флексибилност во концептот на сервирање

  • Професионално интелигентно осветлување (Intelligent Lighting) со можност за прилагодување на боите според брендот на настанот

Ragusa360° (Виртуелна тура)

Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје
Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје
Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје

Скица

Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје

Видео Настан

Ragusa360° Моменти

Референци

Кога го планиравме и работевме на 15тиот роденден на Иванов Школа за Лидери - Алумни Асоцијација (ИСЛАА), не се сомневавме дека Рагуза 360 ќе биде нашиот најдобар избор, но и не бевме подготвени за такво совршенство!

Од самиот почеток, впечатокот започнува со топол и професионален прием од страна на сопствениците, проследен со конструктивни разговори и посветен пристап кон разбирање на замислата и активно предлагаат решенија како таа најсоодветно да се оживее во просторот. Прифаќаат предизвици и целосно се фокусирани на нивна успешна реализација.

Комуникацијата со целиот тим е на исклучително високо ниво – од топ менаџментот, преку организациските менаџери, до целиот персонал. Сите се љубезни, гостопримливи, исполнителни и точни, со јасна ориентација кон исполнување на договорените обврски. Навистина е задоволство да се организира настан со тим кој е мотивиран, посветен и ја работи својата работа со професионализам и ентузијазам.

Парк Рагуза е простор со одлична флексибилност, кој лесно се приспособува на различни концепти и потреби на настани. Дополнителна предност е лесниот и едноставен пристап до локацијата, сместена во централното градско подрачје.

Посебно би ја истакналa и гастрономската понуда – иновативна и инспиративна во подготовката, визуелно атрактивна во сервирањето и прецизна во послужувањето.

По секој настан организиран во Парк Рагуза, чувството е исто: одлично реализиран настан, прекрасна атмосфера и задоволни гости. Следен настан, нова идеја на истата локација.

МАРКО ЗЛАТКОВИЌ

Иванов Школа за Лидери Алумни Асоцијација

Настанот што го организиравме со Вас беше пример за совршенство. Вашата професионалност, посветеност, амбиентот и врвната храна создадоа незаборавно искуство за сите нас и нашите гости.

Од име на трите институции учесници , Порше Клуб Македонија, Автомото сојузот на Македонија и Министерството за внатрешни работи изразуваме благодарснот и сакаме да Ве информираме дека сме презадоволни. Координацијата, техничката поддршка и целокупната слика беа воодушевувачки. Со особено задоволство, од името на Порше Клубот, како Претседател, ви потврдувам дека со задоволство некој од следните настани на клубот ќе го организираме во еден од вашите ресторани и event центри.

Ви благодариме за соработката и топло го препорачувам Вашиот бренд за сите институции и компании кои имаат потреба од професионални, незаборавни, организирани настани.

ЉУПЧО ГРУЈОВСКИ

Претседател на Порше Клуб Македонија

Премиум ресторан за корпоративни настани | Рагуза360 Скопје